БЕРБЕРОТ И ХРИСТИЈАНИНОТ
42, Tetovo, Makedoonia

Еден човек отишол во берберница како и секогаш, да биде истрижан и избричан. Започнал добар разговор помеѓу берберот и човекот. Зборувале за најразлични работи и теми. Наеднаш ја допреле темата за Бог. Берберот рекол: „Види човече, јас не верувам дека Бог постои.” „Зошто го велиш тоа?” - прашал клиентот. „Па, премногу е лесно, само треба да излезеш надвор низ улиците и да сфатиш дека Бог не постои. О, кажи ми, ако Бог постоеше, дали ќе имаше толку болни луѓе? Дали ќе имаше толку изоставени деца? Ако Бог постоеше ќе немаше болка ниту страдања. Неможам да си помислам за Бог кој не љуби и ги дозволува сите овие работи.” Клиентот запрел за момент размислувајќи, но не сакал да одговори со некои аргументи. Берберот ја завршил неговата работа и клиентот излегол од берберницата. Токму штом ја напуштил берберницата видел на улиците човек со долга коса и брада (изгледа поминало доста време откога последен пат си ја стрижел косата и изгледал толку неуредно). Човекот повторно влегол во берберницата и му рекол на берберот: „Знаеш ли што? Берберите не постојат!” „Како можеш да речеш дека не постојат?” прашал берберот. „Еве, јас сум тука и сум бербер.” „Не!” клиентот воскликнал. „Тие не постоат бидејќи ако тие постоеја ќе немаше луѓе со долги коси и бради како тој човек што оди по улицата.” „Ах, берберите постојат, но тоа што се случува е затоа што тие не доаѓаат кај мене.” „Точно така!” -потврдил клиентот. „Тука лежи проблемот. Бог постои, но тоа што се случува е тоа што луѓето не одат кај Него и не го барат. Поради тоа има толку многу болка и страдања во светот

11 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.