МАЈКА ТЕРЕЗА - МОТИВ И ИНСПИРАЦИЈА
29, Delchevo, Makedoonia

Мајка Тереза родена е во Скопје на26 август1910 – со албанска етничка припадност и католичка вероисповед, добитничка е на Нобелова награда за мир и свето лице во католичкиот свет. Нејзиното вистинско име е Агнеза Гонџа Бојаџиу. На возраст од девет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее какокалуѓерка
.Majka_tereza_mlada.jpg
(Мајката Тереза на 12 години)

20120710-majka-tereza-1.jpg
(Мајката Тереза на 16 -17 години)

На фотографиите таа е во годините пред да стане калуѓерка, кога имала едвај 16 или 17 години. Весела како и секогаш, насмеана и мила, таква е таа на овие стари слики. Тогаш живеела во Албанија, со нејзината мајка и сестра.

Во 1928 година заминала преку Даблин и отишла вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „St. Mary's School“ во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.
Mother%20Teresa%201L.jpg

82736-004-3A1956B2.jpg

MotherTeresa6.jpg

На едно од патувањата низ Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш таа живее со најсиромашните во предградијата на Калкута.
mother-teresa-helping-kids-6812.jpg

Оттогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака декаСветот не е гладен само за леб,туку уште повеќе за љубов“.
mother_teresa_poster.jpg

Тереза е основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979година ја доби Нобеловата награда за мир, а парите од наградата ги подарила на сиромашните во Индија. Во таа земја таа најмногу помагала бидејќи имало најмногу сиромашни и болни во тој период. Но, патувала насекаде низ светот каде што била потребна помош во секое време, па била дури и во Чернобил по несреќата.

HT_2008-09_stuck1.jpg

Majka_tereza_nobelova.jpg
Мајката Тереза на примањето на Нобеловата награда за Мир

Подоцна е позната под прекарот "Saint of the Gutters"(„Светица на бедниците“)

Тaa со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепроза.

teresaDM2408_468x377.jpg

mother-teresa.jpg

images-of-mother-teresa-helping-the-poor-686.jpg

mother-teresa-helping-the-sick-682.jpg

Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот.

поради недоволното медицинско образование често пати имала отежнување во добротворната работа поради критиките на своите соработници, а на тоа Мајка Тереза милувала да одврати со: „Не успехот, туку верноста во верата е важна.“.

999.jpg


majka-tereza.jpg&imgSize=600&cropH=400

Таа во политиката на абортирање на многу земји го гледала „најголемото загрозување за мирот во светот“. Кога воИрскатребало да се гласа за тоа дали одлуката треба да се легализира, таа ги повикала Ирците да гласаат со „Не“.

Mother+Teresa.bmp

Наредната година таа е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од кога заминала го посетила четири пати - во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година.

Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута.

teresa.jpg

Според беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил Папата, неа ја дели уште едно чудо до прогласувањето за светец.

1+blog+mother+theresa+w+pope.jpg

Едноставниот пат!

Плодот на тишината е молитвата.
Плодот на молитвата е верата.
Плодот на верата е љубовта.
Плодот на љубовта е служењето.
Плодот на служењето е мирот!


МУДРИ МИСЛИ,ЦИТАТИ И МОЛИТВИ ОД МАЈКА ТЕРЕЗА



Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели,
сепак, биди успешен.


Доброто што го правиш, ќе биде утре заборавено,
сепак, прави добро.


Искреноста и отвореноста те прават повредлив,
сепак, биди искрен и отворен.


Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ,
сепак, гради.


Твојата помош навистина е потребна, но луѓето можеби ќе те нападнат ако им помогнеш,
сепак, помагај им.


Дај му го на светот најдоброто од себе, а тој ќе ти ги скрши забите,
сепак, дај му го на светот најдоброто од себе.

661f71be4f55ba2ddaa320a64b38.jpg

ДРУГИ ЦИТАТИ

  • Радосното срце вообичаено се создава само од едно срце, кое гори од љубов.
  • Секое дете е скапоцено. Секое е творештво на Бога.
  • Само жената може да создаде семејство. Но семејството може и да се урне заради неа.
  • Осаменоста и чувството да се биде непосакуван е најлошата сиромаштија.
  • Да се предадеш самиот себеси е подобро отколку само да даваш.
  • Никогаш не дозволувај да сретнеш некого што по заедничката средба со тебе нема да биде посреќен.

Abortion "is murder in the womb ... A child is a gift of God. If you do not want him, give him to me."

Абортуст е убиец во матката... Детето е подарок од Бога. Ако не го сакаш, дај ми го мене.


63233_175807452450357_3710021_n.jpgslika2majkat.JPG

6a00d83451619a69e20133f2735f15970b-800wi

Handschrift.gif

Запис од мајката Тереза.

Сега го носи само името Благословена, а за да биде Света Мајка Тереза треба да биде докажано уште едно нејзино чудо. Првото чудо се случило со жена која имала тумор во абдоменот и една Сестра ставила слика на Мајка Тереза на заболеното место на жената. Таа веднаш потоа оздравела целосно.

teresa2.gif



59 vaatamisi
 
Kommentaarid
NIKOLA-LITRIK 22.07.2012

*THUMBS UP*

VOCKO 22.07.2012

Преубав блог...не сум знаел дека го има посетено Скопје,може слободно да се прогласи за светица,жената заслужува и повеќе од тоа.... *OK* *HI*

borko412 21.07.2012

Немам зборови, секоја ти чест од се срце *OK* *HI*

kobra 23.07.2012

nemozeme nejzinite dela da gi kazeme so zborovi,no navistina mozeme da kazeme deka go ima mestoto na svetica.Bravo za tebe odlicen blog. *HI*

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.