Нешто за Битола
54, Bitola, Makedoonia

Битола, Бабам Битола



Битола е град во југозападниот дел на Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, додека по површина е трет. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен Музеј. Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастие. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на која што градот е спомнат, како и според многуте војсководци на цар Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се тигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.

Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди.

Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.

15 vaatamisi
 
Kommentaarid
foerbah 12.01.2010

прекрасен текст за градот на конзулите,а фотографиите на клипот,уште поубави,се на се супер блог какви што почесто треба да има овде.

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.