Реалност во која те барам
37, Gevgelija, Makedoonia



Бакнежот беше среќа за почеток на фантазија, слика од преубава илузија. Траеше каратко, како век од пеперутка. Потоа се се врати во реалноста. Несреќе беше тоа што во реалниот живот тебе те немаше. Барав низ улици и сокаци, во други очи, насмевки, зборови... но тебе те немаше.





Суровата реалност ми понуди само тажни моменти, солзи и талкања по темните улици на ноќта. Преголеми за мене беа солзите затоа пак побарав да заминам малку подалеку во фантазијата на чувствата и мислите мои. Преминот беше тежок зашто и таму освен солзи, трнливи патеки, лоши моменти немаше ништо друго. Пак се вратив во реалноста и побрзав да те побарам во улиците и сокаците во другите насмевки, очи, зборови... и пак ништо се е старо, избледено, веќе видено.



Реалноста е сега веќе нова, само една дамка од блиското минато темнее, бидејќи јас сеуште тебе те барам во реалноста. Реалност во која тебе те нема.

31 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.