17.07.2013
ЖИВОТ
39, Skopje, Makedoonia

Чудни се неговите патеки, ќе те однесе на разни лавиринти, ќе научиш многу работи, ќе прочиташ и меѓу редови и на крајот доаѓаш до заклучок дека е вредно да се живее, вреди да се обидеш да го најдеш она вистинското во себе, да подаруваш среќа, да живееш со тоа убаво чувство довека...
Наместо омраза, злоба, завист... подарувајте среќа и љубов без заборав.

Живееме во едно време, кое од ден на ден наметнува нови правила и норми на однесување. Се случува да се изостават важни работи кои се составен дел од нашето секојдневие. Денешниот млад човек забрзано ги усогласува обврските со темпото на животот, при тоа не завртувајќи внимание на ситниците кои се составен дел од секојдневието. Пред се, се става акцент на обврските поврзани со кариерата, личниот интерес, брзата заработувачка, додека останатото време во денот ретко кој го користи за да ги задоволи потребите за останатите во семејството. Се бараат разни изговори, оправдувања се со цел да се избегнат тие контакти.

Не ретко се случува едниот и да претера со својата грубост, при тоа оставајќи ги другите во дилема;
што се случува?
Зошто вакви испади кога за нив нема потреба?

Одговорот за многубројните прашања е избегнат. Во најголем број случаеви, столбот на семејството се повлекува, бара разни начини да го замени семејниот дом со друштвото во кафеана, другарите,кладилниците и слично.

Семејството останува само со едниот родител кој колку и да сака не е секогаш во состојба да ги
задоволи сите потреби одеднаш. Тоа го чувствува на сопствена кожа, а веднаш по него се децата.
Од ден на ден, незадоволството расте, се бара решение за проблемите но безуспешно.

Не ретко се случува во изливи на бес да се случат и немили настани, едниот да го почувствува бесот и ароганцијата на другиот, тогаш да биде сведок на вистинското лице на другиот, злобата која ја носи во себе, зависта на успехот на другите...

Тогаш настанува вистински кошмар, од кој неможе лесно да се ослободи никој. Тоа трае со денови,
понекогаш и со месеци, се трпат разни испади, закани, уцени, и тоа трае, не може да се контролира.

Одеднаш животот станува лавиринт - бесцелно патување од кое неможеш да се ослободиш. Се се врти како магичен круг и секој нов ден се чини како нова казна. Исходот од новонастанатата ситуација не може никој да го предвиди.

За жал, во повеќето случаеви решението на вакви проблеми е разидување на брачните
партнери. Реткост е на мирен начин да се постигне договор околу заедничкиот имот и грижата за децата.
Најчесто брачните другари на најлош можен начин завршуваат со брачниот живот, со меѓусебни обвинувања, кавги по судовите за тоа кој е во право а кој грешел.

И што се случува потоа? Секој заминува на своја страна, во нов живот.
А каде се тука децата - тие невини суштества сведоци на секоја кавга, погрден збор, злоупотреба,завист, љубомора и што уште не.

Иако деца, сепак таквите што животот ги ставил на крстопат многу рано созреваат и учат многу побрзо од нивните врсници. Стануваат одговорни, внимателни кон родителот со кој остануваат притоа внимавајќи да не го повредат на било кој начин.

Во животот сите ние грешиме, но прашањето е - колкави се нашите грешки и дали може нештата да го добијат својот правилен тек?

Која е пораката на животот? Дали треба да живееме само за себе или пак со некој нов ден да го докажуваме колку ни значи семејството и блиските околу нас?

Наместо завист, љубомора, себичност - подарувајте среќа и љубов до бесконечност. Нека блиските околу вас дознаат какви чувства носите во себе, не бидете себични туку во секој миг покажете колку сте големи. Голем е тој што знае да сака, што ќе ве утеши во најголема мака.

Секогаш најдете време за своето семејство, покажете колку ви значат, затоа што ситниците го
сочинуваат животот. Нема пара што ќе ја плати насмевката на вашите деца и среќата која извира од очите на вашиот брачен другар. Денес во овој суров свет, за малку среќа секој живее....

22 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.