хаха
Како ви звучи да можете да направите да се вљубат во вас со мирисот на љубовта. Можеби нема да биде најромантичното откритие, но научниците работат на развивање на формула за мирис за вљубување. Тие ја проучуваат хемијата на мозокот одговорна за сложените чувства која прави да не привлекува одредена личност.
Според бихејвиорологот Лари Јанг, не е далеку денот кога ќе се развијат и пилули кои ќе можат да манипулираат со мозокот за да се зголеми или намали чувството на вљубеност. Експериментите веќе покажаа дека назалното внесување на хормонот окситоцин ја зголемува довербата и предизвикува позитивни чувства кон другите луќе. Овој хормон е во интеракција со наградувачкиот систем во мозокот кој предизвикува задоволство и кој е стимулиран од невротрансмитерот - допамин истиот систем кој прави никотинот, кокаинот и хероинот да предизвикуваат еуфорија и зависност. Регионите во мозокот стимулирани од допаминот се активни кај мајките кога гледаат слики од своите деца. Слична активност се покажала кај луѓето кои гледале слики на своите сакани.
Još nema komentara.
Ostavi komentar, započni diskusiju!