Чита ли денес некој стрипови?
46, Skopje, Macedonia

Мојата генерација колку што знам, израсна на стрипови, т.е. се читаше многу, и имаше доста понуда на стрипови по трафиките...Ако некој се сеќава тоа беа стрипови главно од италијанската издавачка куќа Бонели (Загор, Текс, Командант Марк, Мистер, Но, Дилан Дог итн...), но се наоѓаше понешто и од американските изданија на Марвел (Супермен, Спајдермен, Бетмен, итн.), како и од францускиот стрип (Поручник Блубери, Џеремаја, Астерикс, Тин Тин, Таличниот Том итн...). Сега ретко и да има стрипови...

Овие стрипови беа и не престанаа да бидат популарни со генерации во целиот свет, и свесни сме колку американската, па и европската филмска индустрија профитира денес со екранизација токму на овие стрипови и стрип јунаци.

Значи во целиот свет стриповите се дел од културата на живеењето, и денес на пр, стрипот е третиот извозен продукт на Франција после сирењето и виното...

Да не тупам многу, прашањето ми е,

Порака до младите генерации (иако јас не се сметам за стар, скраја да е...), ЧИТАЈТЕ СТРИПОВИ, многу пропуштате со тоа, заостанувате зад вашите врсници од светот!

talijanski_af_album_c.jpg

  18878247_w434_h_q80.jpg

ZG_KL_7.jpg

16 views
 
Komente

Nuk ka ende komente.
Lini komentin tuaj, filloni diskutimin!

Ditar
Blogët shkarkohen çdo 5 minuta